ТЕАТАРСКИ БОН ТОН
– ИЛИ КАКО ДА СЕ ОДНЕСУВАТЕ ВО ТЕАТАР

Кога доаѓате во театар да гледате претстава Вие сте ПУБЛИКА. Тоа е различно од гледањето ТЕЛЕВИЗИЈА или КИНО. Пред Вас има живи АКТЕРИ. Тие најдобро играат кога Вие внимателно ги СЛУШАТЕ и ГЛЕДАТЕ. АКТЕРИТЕ се среќни кога реагирате на одредени делови од претставата кои се СМЕШНИ, ВЕСЕЛИ или ТАЖНИ. На крајот на претставата актерите ги наградувате со АПЛАУЗ. Откако ќе ја гледате претставата разговарајте со своите РОДИТЕЛИ или УЧИТЕЛКА за она што го гледавте на сцената.
Добрата публика почитува неколку основни правила за однесување во театар :
• во салата не внесува ХРАНА и ПИЈАЛОК.
• кога влегува во театар го исклучува МОБИЛНИОТ ТЕЛЕФОН
• за време на претставата НЕ ФОТОГРАФИРА.
• мирно седи на своите СЕДИШТА, не се качува на сцената
• од салата излегува после поклонот на актерите за време на вашиот АПЛАУЗ.

 

Упатство за родителите
БИРАЈТЕ ПРЕТСТАВИ КОИ ШТО СЕ ПРИЛАГОДЕНИ ЗА ВОЗРАСТА НА ВАШЕТО ДЕТЕ.
Пред да купите влезница информирајте се за која возраст е наменета претставата.
Пред почетокот на претставата разговарајте со детето за она што ќе гледа и како треба да се однесува во театар.
НИКОГАШ НЕМОЈТЕ ДА ДОЦНИТЕ НА ТЕАТАРСКА ПРЕТСТАВА.
Дојдете 20-30 минути порано и припремете го детето за претставата, оставете ги работите во гардероба и полека седнете на своите седишта. После почетокот на претставата не е можно да влезете во салата, ниту да ги добиете парите назад за платената влезница.
• Детето треба да биде сито и одморено пред претставата.
• Ако е потребно пред почетокот на претставата однесете го во тоалет.
• За време на претставата не се јаде, пие, фотографира и не се користи мобилен телефон.
• Претставата гледајте ја заедно со вашето дете, не го оставајте само во салата за вие да можете да отидете во најблиската кафетерија.
• Причекајте да заврши претставата па потоа излезете од салата.
• После претставата разговарајте со вашето дете за она што го гледавте на сцената.
ПОЧИТУВАЈТЕ ГИ ОВИЕ ПРАВИЛА И ЌЕ ГО ДОЖИВЕЕТЕ ТЕАТАРОТ НА НАЈУБАВ МОЖЕН НАЧИН!

Превземено од www.mala-scena.hr