Патувањето на еден облак

автор: Роберто Фрабети

режија: Јулијана Мирчевска

изработка на реквизита: Васко Мавровски

технички соработник: Цветан Јовановски

светло дизајн: Игор Мицевски

премиера: 06.08.2018

 

„Патувањето на еден облак“  е театарски претстава која е дел од  долго најавуваниот проект на ЗКУ Детски театар Битола „Театар од пелени“.Претставата е наменета за деца од 1,5 години до 8 години, автор на претставата е Роберто Фрабети кој уште во далечната 1976 години го создава својот театар “La Baracca” во Болоња, Италија а неколку години подоцна го започнува проектот „Театар за деца од најмала возраст“, напишал 58 драмски текстови од кои 31 се текстови за претстави од најмала возраст, во моментот е дел од Извршниот комитет на Светската асоцијација на детски театри каде што членува и ЗКУ Детски театар како единствен македонски детски театар.

„Патувањето на еден облак“ е првата и единствена претстава во Македонија за деца помали од 2 години. Со оваа претстава докажуваме дека театарот за најмалите не само што е возможен туку е и неопходен. Малите деца не разбираат се во целост но со сите сетила ја доживуваат убавата слика и зборовите со кои им раскажуваме за светот кој ги опкружува.На овој начин всадуваме во нив естетски вредности за цел живот а непосредно и подсвесно им помагаме да го разберат светот околу нив.

„Приказна за облакот“  е претстава  ремек дело во драматургијата наменета за деца, на еден многу лесен и поетски начин децата се запознаваат со светот кој ги опкружува и на некој начин приказната ги подготвува за авантурата наречена живот која ги очекува и ги мотивира со здрав дух да зачекорат во иднината. На својот пат околу светот облакот среќава едно девојче кое си игра на ливадата, полека, прегрнувајќи ја , облакот ја зема со себе на пат. Со оваа приказна за облакот кој што патува и така патувајќи на децата му го прикажува светот се обидовме уште еднаш да ја покажеме уметничката сила на театарот. Во пет куфери го сместивме целиот свет, пустини и прашуми, ливади и шуми, мориња и реки. На децата ќе им ја раскажеме една голема приказна за животот и светот кој не опкружува со чиста игра и визуелни сензации.