Приказна за тркалото
автор: Ивица Шимич
уметничко обликување: Јулијана Мирчевска
изработка на реквизита: Васко Мавровски
технички соработник: Цветан Јовановски
светло дизајн: Игор Мицевски
премиера: 07.08.2018
„Приказна за тркалото“ е театарска претстава која е дел од долго најавуваниот проект на ЗКУ Детски театар Битола „Театар од пелени“.Претставата е наменета за деца од 1,5 години до 10 години, автор на претставата „Приказна за тркалото е Ивица Шимич кој во моментот живее и предава драматургија на престижниот универзитет во Хјуан, Кина.
„Приказна за тркалото“ е прва и единствена претстава во Македонија за деца помали од 2 години. Со оваа претстава докажуваме дека театарот за најмалите не само што е возможен туку е и неопходен.Малите деца не разбираат се во целост но со сите сетила ја доживуваат убавата слика и зборовите со кои им раскажуваме за светот кој ги опкружува.На овој начин всадуваме во нив естетски вредности за цел живот а непосредно и подсвесно им помагаме да го разберат светот околу нив.
„Приказна за тркалото“ е едукативна претстава во која со помош на рачно изработени реквизити (машини, ветерници, мелници итн) на еден мошне сликовит и забавен начин на децата му го презентираме тркалото со многу филозофски дилеми на упростени на еден детски и наивен начин. Тркалото е форма која преовладува во светот што не опкружува: тоа е насекаде и во се. Се започнува и зависи од тркалото. Фактот дека со пронаоѓањето на тркалото започна и придвижувањето на човештвото за нас постарите е ноторен факт на кој не обрнуваме многу внимание но сепак ни е интересен, а замислете што се случува во детските глави.