Јованче и Марика

автор: Браќа Грим

режија: Васко Мавровски

костимографија: Благој Мицевски

технички координатор: Цветан Јовановски

светло дизајн: Игор Мицевски

премиера: 07.08.2017

 

Со оваа претстава на децата ќе им понудиме една нова визуелизација на нивната добро позната бајка за прв пат запишана од браќата Грим, познатата приказна за двете деца кои таткото присилен од страна на неговата жена, односно маќеата, ги испраќа и ги остава во мрачната шума поради финансиските проблеми и снаодливоста на двете деца но и нивната желба за промена на тешкото бреме кое без никаква вина мора да го носат на својот грб, за нас беше  огромна инспирација за да направиме еден нов и современ прочит на оваа пред се хорор бајка во која внесовме многу свежина, комични наместо страшни ситуации и решенија, драматуршки заплети, многу танци и класична музика и едно ново визуелно решение на сценографијата и костимите поткрепени со многу магични визуелни ефекти кои треба да придонесат за едно незаборавно доживување на децата.

Целта на оваа претстава е на децата да им покажеме дека со многу љубов и грижа еден кон друг стануваме многу посилни и дека секоја авантура не учи нешто ново но дека најважно од се е да научиме да го разликуваме злото од доброто.