Петар Стојковски – Бабец (1931-2010) доајенот на битолското и македонското глумиште.

Тој на штиците што живот значат остави длабоки траги и е еден од избраните кој публиката сакала да го гледа во секоја претстава и добивал најмногу аплаузи. Актер со неисцрпна енергија, свежина и полетност, со неверојатна дарба да направи комичен ефект, но и суптилно да го открие трагикомичното во човековата природа. Непосреден и сиот предан на улогата тој на чудесен начин ја освојуваше публиката и ја засмејуваше до солзи.

Од неговата прва улога во претставата „Фамилијата Бло во сезоната 1952/1953 год. па се до неговото пензионирање 1993 а и после тоа оствари бројни и забележителни рољи на сцената на НТБ, меѓу кои насловните рољи во претставите „Вук Бубало, „Швејк во втората светска војна, „Помет во Дундо Марое, рољите во „Мистер долар „Госпоѓа министерка, „Тотови, „Севиљскиот бербер, „Војникот фалбаџија, „Натемаго на филозофскиот факултет Чуле во „Свадбата на Мара и Захарие во „Грешниот Захарие.

Во текот на својата долгогодишна театарска дејност се занимава и со режија на претстави зa деца, станува збор за режија на петнаесетина претстави меѓу кои „Кекец и Мојца, „Убавицата и ѕверот, „Пепелашка, „Пепелаче, „Волшебникот од Оз и други. Неговата преголема љубов за работа со деца и за деца ја покажува и со бројните рољи во претставите за деца и работата со мноштво аматерски драмски групи и ансамбли. Не помал е неговиот придонес во телевизијата (ТВ сериите  „Загубено па најдено, „Дедовите игри, „Славка чавка, „Другарување ) и филмот („Планината на гневот, „Републиката во пламен, „Цената на градот, „Македонскиот дел од пеколот) Не изоставува и неговиот придонес во радиото. Тој е еден од основачите на емисијата (радио хумор и сатира). За својата долгогодишна дејност добитник е на бројни награди и признанија.

Три пати е наградуван со наградата на град Битола 4-ти Ноември, и наградите за животно дело на градот Битола и МТФ „Војдан Чернодрински. Награда „Св. Климент Охридски“, најдолг аплауз на МЕСС Сараево и други.  Петар Стојковски Бабец беше првиот иницијатор, уште во далечната 1968 год, за формирање на детски театар и беше еден од основачите на Детскиот театар – Битола кој во негова чест по неговата смрт го носи неговото име Детски театар Петар Стојковски Бабец – Битола.